Врз основа на член 20  и член 47 од Уставот на Република Македонија Сл.весник бр. 52/91, член 4 и 5 од Законот за здруженија и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52/2010), член 11 од Законот за техничка култура, членот 126 од Законот за органите на Управата на Република Македонија и член 14 и 17 од Статутот на Сојузот на здруженијата за техничката култура – Народна техника на Македонија, Сојузот на здруженија за техничка култура на град Скопје НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ, на седницата одржана на 05. 04. 2011 година донесе

logo narodna tehnika skopje

СТАТУТ

на Сојузот на здруженијата за техничка култура

на град Скопје – НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

 

 

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

 

Сојузот на здруженијата за техничка култура на град Скопје – НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ (во понатамошниот текст НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ) е стручно, доброволно, масовно, самостојно, непрофитно и вонпартиско здружение на граѓаните кои живеат на подрачјето на град Скопје.

 

Член 2

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ има својство на правно лице со права и одговорности што произлегуваат од Статутот на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Република Македонија, од Уставот на Република Македонија, Законот за здруженија и фондации и Законот за техничка култура.

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ  има своја жиро сметка и во платниот промет со трети лица настапува во свое име и за своја сметка.

 

Член 3

 

Согласно Законот за здруженија и фондации, НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ е непрофитно здружение.

Ако во своето работење оствари добивка, таа ќе биде употребена исклучително за подржување и остварување на целите и активностите утврдени со овој Статут.

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ не може да врши стопанска дејност.

Заради создавање на материјали услови за успешно вршење на својата дејност во областа на техничката култура НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ може да оснива друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва под услови пропишани со закон.

 

Член 4

 

За реализирање на програмските содржини од областа на техничката култура, НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ соработува со Органите на управата надлежни за дејности од областа на техничката култура во градот и Републиката.

 

Член 5

 

Седиштето на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ е во Скопје, Бул. “Партизански одреди”, број 99.

 

Член 6

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ има свои симболи: знак и знаме.

Знакот на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ симболизира запченик во чија средина се контурите на камениот мост, а над него сонце со зраци.

 

Член 7

 

Печатот е со тркалезен облик на кој е напишан текстот:  Сојуз на здруженијата за техничка култура на град Скопје – НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ, а во средината на печатот се наоѓа знакот на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 8

 

Знамето на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ има сина боја во размер 2:1. Во средината на знамето се наоѓа знакот на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

 

  1. ОСНОВНИ ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ

 

Член 9

 

Основни програмски цели на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ се:

  • здобивање на техничка култура низ организиран воспитно образовен процес на знаења, умеења и навики особено за младите во градот,
  • оспособување на младите за истражувачката работа, развој на нивните истражувачки способности и создавање научен подмладок.
  • придонес во зголемувањето и проширувањето на материјалните и духовните вредности за поквалитетен и похуман живот на граѓаните,
  • развивање на иноваторството, пронаоѓаштвото, рационализаторството и конструкторството,
  • унапредување и заштита на човековата средина,
  • развивање на соработката во областа на техничката култура, научно-техничкото творештво и иновациската дејност со Здруженијата во градот, републиката и пошироко.

 

  1. ОПШТИ ПРОГРАМСКИ ЗАДАЧИ

 

Член 10

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ ги има следните програмски задачи од областа на техничката култура, научно техничко творештво и иноваторската дејнсост:

  • развивање на активности утврдени со Законот за техничка култура;
  • развивање на активности во согласност со Уставот на Република Македонија и актите на локалната самоуправа во градот и општините на подрачјето на град Скопје;
  • откривање и развивање на талентираноста и способноста на младите за творештво во науката и техниката;
  • професионално насочување на младите низ творечки активности;
  • пошироко запознавање на граѓаните со достигнувањата во науката и техниката;
  • поттикнување на граѓаните пошироко да се занимаваат со развој и примена на техничките знаења, умеења и навики во секојдневниот живот;
  • поттикнување на граѓаните да се занимаваат со иноваторството, пронаоѓаштото, рационализаторство и конструкторство;
  • развивање на активности од хуманитарен карактер.

 

  1. ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕЈНОСТА НА НАРОДНА ТЕХНИКА НА СКОПЈЕ

  

Член 11

 

Дејноста – целите и задачите на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ ќе се оставрува преку:

  • донесување општи и специјализирани програми за техничка култура, техничко творештво и иновациска дејност, за откривање, поттикнување и развивање на талентираноста кај младите, како и за откривање, поттикнување и развивање и стимулирање на пронаоѓаштвото, иноваторството, рационализаторството и конструкторството;
  • координирање и усогласување на дејностите на здруженијата – членки на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • едуцирање, поттикнување и стручно оспособување на професионално ангажираните работници на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и клубовите и друштвата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • учество во организирањето и унапредувањето на информативно-издавачката дејност,
  • организирање и спроведување на курсеви, семинари, предавања, советувања, симпозиуми, смотри, собири, натпревари, олимпијади, изложби, демонстрации на опрема, уреди, аудиовизуелни средства и други манифестации од областа на техничката култура.

 

  1. СОРАБОТКА СО ОРГАНИТЕ НА УПРАВАТА НАДЛЕЖЕН ЗА ТЕХНИЧКА КУЛТУРА

 

Член 12

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ соработува со Органите на локалната самоуправа на градот и Општините за прашања од областа на техничката култура, а особено:

  • во дефинирањето на годишните, среднорочните и долгорочните планови за работа и развој во областа на техничката култура во градот;
  • во утврдувањето на програмите за целите и правците на развојот на техничката култура;
  • за оспособување на кадри за ангажирање во техничка култура;
  • во определување на обемот на улогата на Домот за техничка култура како установа за вршење едукативни дејности во областа на техничката култура;
  • соработува и по други прашања од заеднички интерес.

 

Член 13

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ соработува и со други органи на управата, Армијата на Република Македонија, организации и институции, особено за прашања сврзани за унапредувањето на техничката култура.

 

  1. ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ

 

Член 14

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ ја сочинуваат клубовите и друштвата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и струковите сојузи, изразено преку свое слободно и доброволно здружување.

 

Член 15

 

За остварување на основните цели и општи програмски задачи утврдени во овој Статут, членовите на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ се организираат во здруженија, клубови, друштва, секции и други форми на делување согласно Статутот.

 

  1. ЗАЧЛЕНУВАЊЕ, ПРЕСТАНОК И ЧЛЕНСТВО, ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА  ЧЛЕНОВИТЕ

 

Член 16

 

Клубовите, друштвата и другие форми на организирање на подрачјето на градот ја конституираат НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ со поднесување на пристапница потпишана од овластено лице и со потпишување на акт – одлука за здружување во НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ од страна на Собранието на клубовите, друштвата и другите форми на организирањето.

 

Член 17

 

            Членството престанува во следните случаи:

  • со доброволно истапување;
  • со одлука на членовите;
  • во случаи предвидени и регулирани со закон и со нормативни акти.

Одлуката за престанок на членство донесува Собранието.

 

Член 18

 

Здруженијата што ја сочинуваат НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ имаат еднакви права, обврски и одговорности во реализирањето на програмски содржини, финансиско и материјално работење и дејности од заеднички интерес на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 19

 

Членките ги имаат следниве права, обврски и одговорности:

  • да даваат предлози и иницијативи за работа на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и да учествуваат во обликувањето на програмата за работа;
  • да учествуваат во активностите што ги организира НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и Републиката;
  • нивните преставници да избираат и да бидат бирани во органите и телата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ како и да учетвуваат во нивната работа;
  • активно да се ангажираат во остварувањето на целите и задачите утврдени со овој Статут;
  • да ги почитуваат и спроведуваат одредбите на овој Статут.

 

Член 20

 

Статутот и другите акти на членките на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ мораат да бидат во согласност со Статутот на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и Републиката, Законот за здруженија на граѓани и фондации и со законот за техничка култура.

 

Член 21

 

Одговорноста на членките, постапката и мерките за непочитување на утврдени норми на однесување кон НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ, се утврдуваат со посебен акт што го донесува надлежниот орган на Народна техника на Македонија.

 

  1. ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ

 

Член 22

 

Највисок орган на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ е Собранието, а органи на Собранието се:

  • Изавршен одбор
  • Надзорен одбор

 

 

8.1. СОБРАНИЕ

 

Член 23

 

Собранието е највисок орган на управување на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ, што го сочинуваат преставници, делегирани од членките на Народна техника на Скопје.

Нивниот број се утврдува со посебна одлука на Извршниот одбор.

Собранието може да биде Изборно и се одржува на 4 години, редовно кое се одржува секоја година и Вонредно кое се свикува по барање на 1/3 од членовите на Собранието.

 

Член 24

 

Мандатот на членовите на Собранието и другите органи и тела трае 4 години со можност за повторен избор.

 

Член 25

 

Членот на Собранието има право и обврска да:

  • учествува во работата на Собранието,
  • покренува расправа за прашања од делокругот на работата на Собранието,
  • бара податоци од стручната служба за обавување на својата преставничка дејност.

 

Член 26

 

Собранието ги врши особено следниве работи:

  • донесува Статут и други општи акти на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ,
  • ја спроведува политиката за развој на техничката култура,
  • донесува програма и платформа за развој на Сојузот,
  • избира Извршен одбор, Надзорен одбор и претседател,
  • донесува Деловник за работа на Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

8.2 ИЗВРШЕН ОДБОР

 

Член 27

 

Извршниот одбор е извршен орган на Собранието и се состои од 7 членови, избрани од редовите на членовите на Собранието со мандат од 4 години и со можност за повторен избор.

 

Член 28

 

Седниците на Извршниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш на три месеци.

 

Член 29

 

Одлуките на Извршниот одбор по правило се донесуваат со јавно гласање. За својата работа Извршниот одбор одговара на Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 30

 

Извршниот одбор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ:

  • донесува годишни програми за работа,
  • дава согласност за избор на преставници и други асоцијации и тела;
  • именува Извршен директор на Сојузот;
  • организира советување и други форми за работа заради размена на мислења за важни прашања од областа на техничката култура;
  • соработува со Органите на локалната сампоуправа на Градот и Општините и подрачните единици на одредени министерства надлежни за техничка култура, со Народна техника на Македонија и со другите органи на Република Македонија;
  • именува Извршен директор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • формира работни тела и комисии:
  • подготвува предлог одлуки и други акти;
  • формира стручна служба и донесува општи акти за стручна служба;
  • утврдува систематизација на работни места во НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • ја координира работата на основните организации, струковите сојузи и останатите форми на организирано делување;
  • разгледува и усвојува периодични и годишни пресметки за остварување на финансискиот план;
  • предлага и доделува признанија на основните организации и истакнати активности во Организацијата и други субјекти заслужни за развојот на техничката култура во градот;
  • управува со подвижната и неподвижната имовина на Организацијата;
  • донесува Деловник за својата работа;
  • врши и други работи предвидени со овој Статут и другите општи акти на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

 

8.3 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАРОДНА ТЕХНИКА НА СКОПЈЕ

 

Член 31

 

Претседателот на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ истовремено е и претседател на Извршниот одбор. Претседателот е должен да свика седница на Извршниот одбор по барање на најмалку 5 членови на Извршниот одбор или на Надзорен одбор. Ако претседателот не свика седница во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, седница свикува предлагачот.

 

Член 32

 

Претседателот ги има следните права и обврски:

  • ја застапува НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • се грижи за работа на Собранието и Извршниот одбор;
  • ја следи и помага реализација на програмите;
  • свикува и претседава се седниците на Собранието и Извршниот одбор;
  • ги потпишува актите што ги донесува Собранието и Извршниот одбор;
  • врши други работи предвидени со Статутот и други општи акти на Сојузот;

Мандатот на претседателот трае 4 години со можност за повторен избор.

 

Член 33

 

Во остварувањето на работите предвидени во претходниот член од Статутот на претседателот му помага Извршниот одбор.

 

8.4. ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

 

Член 34

 

Извршниот директор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ е именуван од страна на Извршниот одбор и ги има следните права и должности:

  • ја застапува Организаијата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;
  • се грижи за работата на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор и другите работни тела и комисии;
  • ги спроведува актите што ги донесува Собранието и Извршниот одбор работните тела и комисиите;
  • се грижи за остварувње на соработката со членките на Народна техника и струковите сојузи;
  • донесува решенија врз основа на закони, одлуки и други видови акти донесени од Собранието и Извршниот одбор;
  • раководи со Домот за теничка култура;
  • раководи со стручната служба на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ;

Мандатот на секретарот трае 4 години со можност за повторен избор.

 

8.5. СТРУЧНА СЛУЖБА

 

Член 35

 

            Заради успешно остварување на работните задачи на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ на Скопје, се формира стручна служба која ги врши стручните, оргнизационите, материјално – финансиските и административно – техничките работи и работни задачи врз основа на утврдената систематизација од Извршниот одбор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 36

 

Систематизацијата на работните места ги утврдува со посебен правилник Извршниот одбор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

8.6. НАДЗОРЕН ОДБОР

 

Член 37

 

Надзорниот одбор е орган на Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ. Надзорниот одбор брои 3 челна избрани од редовите на членовите на Собранието кои од својот состав бираат претседател. Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години, со можност за повторен избор.

 

Член 38

 

Надзорниот одбор ги разгледува периодичните пресметки, извршувањето на финансискиот план и завршната сметка на Собранието за секоја годиниа, врши контрола на финансиско – материјалното работење на корисниците на наменските средства за развој на техничката култура, за наменско користење на средствата и предлага соодветни мерки и решенија пред Извршниот одбор.

 

  1. СТЕКНУВАЊЕ; КОРИСТЕЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО СРЕДСТВАТА

 

Член 39

 

Сојузот на здруженијата за техничка култура на град Скопје НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ финансиските средства ги стекнува од:

  • буџетот на Република Македонија;
  • буџетот на градот;
  • сопствени приходи (приходи обезбедени по пат на донаторство, спонзорство, членарина, наемнина од деловен простор, наменски средства за спроведување на одредени активности и други сопствени приходи).

 

Член 40

 

            Наменските средства од буџетот за реализирање на програмските активности од областа на техничката култура се дибиваат преку надлежниот орган на управата кои во договор со Народна техника на Македонија ги распоредуваат и дистрибуираат до членките – клубовите и друштвата.

 

Член 41

 

Сите обезбедени средства се распоредуваат врз основа на усвоен финасиски план, кој го донесува Извршниот одбор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 42

 

За извршување на финансискиот план е задолжен Извршниот директор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 43

 

Материјално – финансиското работење врши стручната служба, а се води по прописите за материјално финансиско работење.

 

Член 44

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ поседува движен и недвижен имот (Дом на Народна техника, бул. “Партизански одреди 99”, како и опрема на клубовите во Домот и градот). Одлука за користење на имотот донесува Извршниот одбор на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

  1. ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

 

Член 45

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ оставрува информативно издавачка дејност преку:

  • издавање на книги, прирачници, гласила и други изданија од науката и техниката;
  • објавување на билтени од натпревари, советувања, симпозиуми и други собири.

Јавноста на информирањето на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ може да се врши и со други технички средства во согласност со законите за јавно информирање.

 

  1. НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

 

Член 46

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ предлага и доделува награди, признанија, благодарници и плакети за постигнати резултати и особен придонес за развојот и унапредување на техничката култура, како и унапредување на дејноста, на поединци, Здруженија и други субјекти, согласно Правилникот за признанија на Народна техника на Македонија.

 

  1. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

 

Член 47

 

Работата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ е јавна, информирањето се врши преку своите и другите средства за информирање.

 

  1. ПРЕСТАНОК НА РАБОТА

 

Член 48

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ престанува со работа во следниве случаи:

  • ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање;
  • ако работењето не е во согласност со Статутот;
  • во случај предвиден со закон.

 

Член 49

 

Иницијатива за престанок на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ може да даде до Собранието секој кој основано се сомнева дека НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ оставрува активности спротивно на ставовите од член 48.

 

Член 50

 

Одлуката за престанок со работа на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ ја донесува Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 51

 

Решение за престанок со работа на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ донесува Централниот регистар.

 

Член 52

 

            Во случај на престанок со работа на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ, целокупниот нејзин имот и средствата што остануваат по намирувањето на обврските кон треи лица се пренесува во сопственост на членките кои ќе продолжат со работа.

 

  1. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 53

 

Измени и дополнувања на овој Статут донесува Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ. За сите измени и дополнувања НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ во рок од 30 дена го известува надлежниот орган.

 

Член 54

 

Толкување на одредбите на овој Статут дава Собранието на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ.

 

Член 55

 

Статутите на здруженијата на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ и на градските струкови сојузи не можат да бидат во спротивност на овој Статут.

 

Член 56

 

Здруженијата – членки на НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ се должни своите статути ги согласат со овој Статут во рок од 3 месеци од денот на стапувањето на сила на овој Статут.

 

Член 57

 

Овој Статут влегува во сила од денот на неговото донесување.

 

 

 

                                                                                                    Председател

                                                                                        Проф. д-р Михаил Петков

 

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ТЕХНИЧКАКУЛТУРА НА ГРАД СКОПЈЕ

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

 

 

С Т А Т У Т

на Сојузот на здруженијата за техничка култура

на град Скопје

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

 

СКОПЈЕ, 05.04.2011 година