СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА на град Скопје е формирана уште во далечната 1946 година. Во рамките на организацијата НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје се организираа и дејствуваа повеќе општи и специјализирани организации – општи клубови, друштва и секции на клубовите на Народна техника, како и повеќе специјализирани секции од разни области на техниката – радиотехника, фототехника, авто-мото, бродомоделарска, воздухопловна техника и др. Преку своите општи и специјализирани секции, НАРОДНА ТЕХНИКА непрекинато работеше на ширење на техничките познавања од разни области на науката и техниката. Голем број наши граѓани првите и основни познавања од оделни гранки на техниката токму ги стекнаа преку организацијата на Народна техника.
Секако многу значајни се резултатите постигнати во обуката на кадри за Армијата и стопанството. Во организацијата Народна техника – Скопје, оспособен е голем број возачи на моторни возила – автомобилисти, моторциклисти, трактористи, падобранци, воздухопловни едриличари, кајакари, електротмеханичари, радиотрлеграфисти, моделари и макетари од разни области, фото и кино аматери, градежници и др. Голем број од овие кадри станаа искусни квалификувани работници во фабриките, во земјоделските организации и др. , а еден дел, станаа наставници и професори во училиштата, или се специјализираа во соодветни воени училишта или технички единици во Армијата.
Ако треба да се бара најзначајниот белег во дејствувањето на нашата организација во изминатиот период, тогаш тоа треба да биде нејзиниот придонес техничката култура да се сфати како општествена потреба.
Во СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА ЗА ТЕХНИЧКА КУЛТУРА НА ГРАД СКОПЈЕ „НАРОДНА ТЕХНИКА“ СКОПЈЕ членуваат следните клубови и друштва:
- Клуб за техничко воспитување на деца и младинци
- Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања
- Спортско радио-ориентационен клуб Младост
- Друштво на наставници по Техничко образование на град Скопје Конструктор
- Фото клуб
Трациционални манифестации:
- Градски натпревар на млади техничари и природници „Оцвојуваме нови знаења“
- Натпревар на млади истражувачи „Наука на младите“
- ARDF/ARG маратон „Катлановска бања“
- Разни собири од поедини технички дисциплини во текот на обуката на кадри
Специфични дејности:
- Тематски работилници
- Центар на млади истражувачи од природните и техничките науки
- Трибини за ширење на техничката култура (предавања, проекции, изложби, демонстрации и др. )
- Центар за издавачка дејност (планови за самоградба, шеми, упатства, каталози, билтени и сл.)
Позначајни награди:
- „Повелба на Република Македонија“
- 13Ноемвриска награда
- Златна плакета „Борис Кидрич“
Планови за делување во наредниот период:
Тргнувајки од фактот дека за успешно работење и остварување на програмските определби е потребно квалитетно и навремено информирање на ова поле и во овој период организацијата на Народна техника – Скопје се посветува посебно внимание.Оценка е дека е направен чекор напред и ако стои показателот дека можеме и подобро.
Во овој период повеќе субјекти го наметнаа значењето на информирањето како основа во нашето работење и живеење. За таа цел и досега се организирани повеќе разговори и неколку советувања. Ако сакаме да оствариме една од основните цел, да обезбедиме масовна Организација, уште повеќе мораме да го развиеме системот на внатрешното информирање на Народна техника и тоа на сите нивоа.
Работата на Народна техника-Скопје во средствата за масовно комуницирање во Скопје и Републиката добиваат се пошироки простори. Воспоставени се и успешно се проширува соработката со радио и телевизиските куќи во градот како и со редакциите на дневните весници и списанија.
Активностите и манифестациите представуваат само еден дел од програмските определби на Организацијата, а натамошната заложба ќе биде интензивирање на истите за перманентно презентирање на достигнувањата во областа на техничката култура во сите средини во нашиот град и зголемување на ангажирањата за натамошно рационално искористување на создадените услови за нејзиниот развој.
Во наредниот период традиционалните активности ке представуваат масовно собирање на голем број членови од основните и средните училишта и можност за презентирање на одредени достигнувања од областа на науката и техниката и се надеваме дека истите ке бидат прифатени како од непосредните учесници така и од нивните наставници.
Изнаоѓањето на нови форми и содржини во работата на Организацијата, што ќе значи и создавање на услови за опфаќање на поголем број членови, посебно оние кои можеме да ги вброиме во групата на надарени, е обврска на целото општество, што ќе обезбеди можност на Организацијата за нејзино натамошно афирмирање. Идеата за формирање на центар за работа со надарени деца, а воедно и проширувањето на соработката на Организацијата со факултетите, научно истражувачките институции и работните организации треба и понатака да се актуелизира и се пристапи кон нејзино дефинитивно реализирање.