Posts

Организацијата Народна техника на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и природници на Македонија и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности, и оваа година по 61-ви пат ја организираат традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името “Освојуваме нови знаења”.

Во рамките на оваа манифестација, учениците од основните училишта во градот се натпреваруваат во 23 натпреварувачки дисциплини по природната група предмети, застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот “Техничко образование” и вон училишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници што делуваат во Основните училишта.
Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети, учениците се натпреваруваат во одбрана на домашен труд, а претставува макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети.

Поради настанатата ситуација со Коронавирусот и почитување на протоколот за заштита, 61-от Натпревар на младите техничари и природници на Скопје, ќе се одржи онлајн во периодот од 22.03.2021 до 31.03.2021.

Крајниот рок за доставување на пријавата, темите е на 16-ти Март 2021 година по електронски пат.

ПРИЈАВА за 61-от Натпревар на младите техничари и природници Скопје

ПРАВИЛНИК за натпреварот
Share

59 KMTP

Организацијата СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и
природници и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности, и оваа година по 59-ти пат ја организираат традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името „Освојуваме нови знаења”.
Во рамките на оваа манифестација, учениците од основните училишта во градот се натпреваруваат во 23 натпреварувачки дисциплини по природната група предмети, застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот „Техничко образование” и вон училишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници што делуваат во Основните училишта.
Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети, учениците се натпреваруваат во одбрана на домашен труд изработен во училиштето, а претставува макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети и задолжителната задача која се реализира на самиот ден на натпреварот и е еднообразна во натпреварувачката област за сите учесници – натпреварувачи.

59-от Натпревар на младите техничари и природници на Скопје, ќе се одржи на 31 Март 2018 година со почеток во 8 часот, во О.О.У. „25 Мај“ – Гази Баба.

39-kmtp-baner

Ве информираме дека СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје и оваа година организира интензивни курсеви се со цел за поквалитетни подготовки за престојниот натпревар на Клубовите на Млади Техничари и Природници од техничката група предмети.

Правилник за натпреварот

Пријава за натпреварот

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

Share