Ве известуваме дека сите активности на Народна техника Скопје како и Натпреварот се одложуваат поради заострените мерки за превенција од ширење на вирусот.

За новите термини за курсевите како и Натпреварот дополннително ќе Ве известиме.

Share

СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје организира моделарски работилници и курсеви по електроника

  • сообраќајно моделарство
  • воздухопловно моделарство
  • ракетно моделарство
  • бродо моделарство
  • градежништво и архитектура
  • конструкторство
  • роботика и автоматика

modelarski rabotilnici

За подетални информации може да се обратите на телефонските броеви 075 448 401 и 02 306 1234 на фејсбук страната facebook.com/narodnatehnikask или пак на kontakt@ntsk.org.mk

Share

 

Во организација на Сојузот на здруженија за техничка култура „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје, за прв пат се одржа ревијалната изложба на најдобрите трудови од техничките и природните науки кои ги изработиле младите од градот. Изложбата беше завршна активност во рамки на проект поддржан од Град Скопје.
Учесниците на изложбата имаа можност своите трудови да ги презентираат пред претставници на Град Скопје, универзитетски професори, наставници и ученици од повеќе основни и средни училишта. Големиот интерес и успешно завршената активност остава простор оваа изложба да прерасне во традиција.

 

Share

На 05.05.2018 година во 10:00 часот во рамките на 6-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, ќе се одржи предавање на тема: „Примена на дигиталните алатки во процесот на учење на часовите по географија”, од страна на најпопуларниот професор по географија на Балканот, м-р Дејан Немчиќ. СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје во рамки на својата програма за соработка со други здруженија, асоцијации и претставници на граѓанскиот сектор, како и врз основа на потпишаниот договор за соработка, со свои претставници ќе присуствува на предавањето со што уште еднаш ја потврдува својата мисија во остварување на поширок општествен интерес и ќе придонесе во процесот на стручно усовршување и професионалниот развој на своите членови.

Prof. m-r Dejan Nemcik Prof. m-r Dejan Nemcik Prof. m-r Dejan Nemcik

Share
На 20-ти и 21-ви Април 2018 година се одржа „Образовното рандеву“,проект на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ.
СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје, даде соодветна подршка и учествуваше на оваа манифестација со презентација на трудови од членовите на клубот за техничко воспитување на деца и младинци.
obrazovno-randevuobrazovno-randevu obrazovno-randevu obrazovno-randevu
Share

59 KMTP

Организацијата СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и
природници и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности, и оваа година по 59-ти пат ја организираат традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името „Освојуваме нови знаења”.
Во рамките на оваа манифестација, учениците од основните училишта во градот се натпреваруваат во 23 натпреварувачки дисциплини по природната група предмети, застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот „Техничко образование” и вон училишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници што делуваат во Основните училишта.
Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети, учениците се натпреваруваат во одбрана на домашен труд изработен во училиштето, а претставува макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети и задолжителната задача која се реализира на самиот ден на натпреварот и е еднообразна во натпреварувачката област за сите учесници – натпреварувачи.

59-от Натпревар на младите техничари и природници на Скопје, ќе се одржи на 31 Март 2018 година со почеток во 8 часот, во О.О.У. „25 Мај“ – Гази Баба.

39-kmtp-baner

Ве информираме дека СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје и оваа година организира интензивни курсеви се со цел за поквалитетни подготовки за престојниот натпревар на Клубовите на Млади Техничари и Природници од техничката група предмети.

Правилник за натпреварот

Пријава за натпреварот

 

НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ

Share

СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА Скопје го честита светскиот ден на науката за мир и развој.

world science day 2017

Share

На 22 Октомври на терените во околината на Катланово – Катлановска бања се одржа 14-от АРДФ маратон во организација на Радио-ориентациониот клуб МЛАДОСТ, НАРОДНА ТЕХНИКА НА Р.М. и НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје.
Во исто време беа одржани и натпреварите на 144MHz /3 и 5 предаватели/+ фар за 144MHz и 3,5MHz /5 предаватели/ + фар за 3,5MHz.

ARDF maraton

ARDF maraton 

Share

НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје и оваа учебна година организира курсеви по електорника и моделарските дисциплини

  • сообраќајно моделарство
  • воздухопловно моделарство
  • ракетно моделарство
  • бродо моделарство
  • градежништво и архитектура
  • конструкторство
  • роботика и автоматика

За подетални информации околу курсевите може да се обратите на телефонските броеви 075 448 401 и 02 306 1234 на фејсбук страната facebook.com/narodnatehnikask или пак на kontakt@ntsk.org.mk

modelarski kursevi

Share

На 16.09.2017 година Црвениот крст на Р. Македонија го организираше 26-от Државен натпревар по прва помош под мотото „Несреќите во домовите“ на кој учествуваа 22 екипи на Црвениот крст од Републиката.
Натпреварот се одржа на повеќе локации на територијата на Општина Гази Баба.
Покрај натпреварувачкиот дел, учесниците на натпреварот можеа да се забавуваат и со изработка на летала – Змеј, стрелаштво а извидниците ги едуцираа како да се снајдат во природата.
Народна Техника на град Скопје им честита за успешната организација на оваа манифестација и им ги честита освоените места на натпреварувачите.

crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar

Share