На 16 и 17 Април 2022 година, во просториите на СЗТК Народна Техника Скопје беа одржани традиционалните 62-рите регионални натпревари за ученици од основното образование на територија на град Скопје, во организација на СЗТК Народна Техника Скопје.

Генерален покровител на манифестацијата беше Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Во рамки на оваа манифестација, учениците од Основните Училишта во градот Скопје се натпреваруваа во 23 натпреварувачки дисциплини кои се застапени во наставните програми за предмети од природните и техничките науки.

Во натпреварувачкиот дел од природните и техничките дисциплини учесниците ги презентираа своите домашни трудови, изработуваа модели и макети и беа оценувани од стручни Комисии од соодветните области. Натпреварите се одвиваа според приложените напатствија и Пропозиции, објавени на официјалната страна на организаторот.

Додека учениците ги презентираа своите трудови, врз основа на Договорот за соработка, УТМС Институтот за бизнис и менаџмент реализираше еднодневниот семинар за менторите на учениците под наслов „Справување со конфликти.“

Во прилог дадени се резултатите од 62-рите регионални натпревари.

kmtp 2022 otvaranje

Агротехника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Марија Миленковска ООУ „Крсте Мисирков“ 95 1
Аника Поповска ООУ „Љубен Лапе“ 80 2
Нина Лазаревска ООУ „Војдан Чернодрински“ 0

 

Астронаутика

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Ана Миланова ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 100 1
Иво Апостоловски ООУ „Крсте Мисирков“ 95 2

 

Астрономија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Филип Петковски ООУ „Љубен Лапе“ 100 1
Михаил Николовски ООУ „Крсте Мисирков“ 90 2
Кирил Цеков ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 80 3
Андреа Мирческа ООУ „Тихомир Милошевски“ 40 4
Дора Апостолска ООУ „Коле Неделковски“ 0

 

Бродо моделарство

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Дарија Трајкова ООУ „Коле Неделковски“ 94 1
Луна Гирова ОУУ „Ј. Х. Песталоци“ 92 2
Давид Стојкоски ООУ „Тихомир Милошевски“ 91 3
Филип Стојановски ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ 84 4
Давид Ковачев ООУ „Љубен Лапе“ 0

 

Воздухопловно моделарство

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Горјан Димовски IPS 100 1
Марко Митевски ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 81 2
Катја Самојленко ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 71 3
Илија Ѓорески ООУ „Круме Кепески“ 0

 

Градежништво и архитектура

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Теодора Ристеска ООУ „Киро Глигоров“ 91 1
Ева Велкова ООУ „Петар Поп Арсов“ 90 2
Матеа Митевска ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 85 3
Анастасија Илиевска ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 80 4
Борис Трајковски ООУ „Партенија Зографски“ 65 5
Максим Николовски ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ 65 5
Бисера Ангелеска ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 60 6
Каја Атанасовска ООУ „Љубен Лапе“ 60 6
Стефанија Богдановска ООУ „Рајко Жинзифов“ 55 7
Анастасија Неделковска ООУ „Тихомир Милошевски“ 55 7
Јана Ристовска ООУ „Блаже Коневски“ 55 7

 

Екологија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Јована Ингиќ ООУ „Љубен Лапе“ 92 1
Анија Идризи ООУ „Исмаил Ќемали“ 88 2
Мила Трајковска ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 78 3
Ања Јовановска ООУ „Дане Крапчев“ 75 4
Теа Станковиќ ООУ „Партенија Зографски“ 73 5
Теона Обренов ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ 70 6
Софија Бежовска ООУ „Војдан Чернодрински“ 0
Ана Јордановска ООУ „Страшо Пинџур“ 0

 

Електроника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Максим Петков ООУ „Стив Наумов“ 100 1
Борјан Стојчевски ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 95 2
Димитар Спасоски ООУ „Тихомир Милошевски“ 65 3
Леонид Баланчевски ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 0

 

Кино-видео техника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Никола Пешевски ООУ „Блаже Коневски“ 92 1
Дона Дуковска ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 0
Иван Ќурчиев ООУ „Љубен Лапе“ 0

 

Компјутерска техника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Лука Плавевски IPS 98 1
Драган Костов ООУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром 95 2
Јетмир Рамадани ООУ „Исмаил Ќемали“ 90 3
Андреј Стефановски ООУ „Мирче Ацев“ 87 4

 

Конструкторство

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Божидар Блажев ООУ „Лазо Трповски“ 95 1
Миро Јанкоски ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ 90 2
Дафина Здравковска ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 88 3
Белкиса Куч ООУ „Рајко Жинзифов“ 80 4
Леон Бојчевски ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 80 4
Леонид Илијевски ООУ „Киро Глигоров“ 80 4
Тимотеј Николовски ООУ „Вера Јоциќ“ 80 4
Сара Михајловска ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 0

 

Применета биологија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Ариана Реџепи ООУ „Исмаил Ќемали“ 92 1
Јасна Станојевска ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 83 2
Моника Јовановиќ ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ 75 3
Давид Бранов ООУ „Љубен Лапе“ 0

 

Применета географија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Христијан Аризанкоски ООУ „Тихомир Милошевски“ 91 1
Елена Велева ООУ „Љубен Лапе“ 90 2

 

Применета математика

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Матеа Јовановска ООУ „Тихомир Милошевски“ 100 1
Симон Јакимовски ООУ „Коле Неделковски“ 0

 

Применета физика

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Стефанија Јанковска ООУ „Тихомир Милошевски“ 91 1
Зоран Смилевски ООУ „Невена Георгиева Дуња“ 89 2
Софија Антова ООУ „Партенија Зографски“ 0

 

Применета хемија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Тамара Јовевска ООУ „Стив Наумов“ 95 1
Моника Ивановска ООУ „Тихомир Милошевски“ 85 2
Мехмет Тарик Салих ООУ „Тефејуз“ 75 3

 

Радио техника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Сара Стојковска ООУ „Војдан Чернодрински“ 100 1
Лука Лазаревски ООУ „Његош“ 98 2

 

Ракетно моделарство

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Елена Димова ООУ „Петар Поп Арсов“ 100 1
Михаела Митевска ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 81 2
Андреј Симовски ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 71 3

 

Роботика

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Бодан Николов QSI 100 1
Марко Бешковски ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ 98 2
Давид Марина ООУ „Блаже Конески“ 95 3
Теодор Заковски ООУ „Тихомир Милошевски“ 90 4
Калин Петрушевски ООУ „Љубен Лапе“ 90 4
Марко Кук ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ 90 4
Стефан Марковски ООУ „Војдан Чернодрински“ 0
Јован Јевтиќ ООУ „Партенија Зографски“ 0

 

Сообраќајно моделарство

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Лина Јанеку ООУ „Ј. Х. Песталоци“ 100 1
Андреј Симјанов ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 95 2
Елена Ѓореска ООУ „Круме Кепески“ 88 3
Аника Николовска ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ – Подрачно 77 4
Павел Ќуштеровски ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево 75 5
Давид Арсовски ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ 70 6
Ана Манчева ООУ „Братство“ 65 7
Петар Георгиевски ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ 62 8
Марија Димова ООУ „Петар Поп Арсов“ 45 9
Мартин Петровски ООУ „Љубен Лапе“ 0

 

Фото техника

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Тео Тасевски ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ 96 1
Искра Јанкова ООУ „Блаже Конески“ 90 2
Неда Тануровска ООУ „Димитар Миладинов“ 88 3
Хелен Пипек Максимилијан 77 4
Уна Масевска ООУ „Киро Глигоров“ 74 5
Ивана Стојкова ООУ „Коле Неделковски“ 70 6

 

Метеорологија

Име и презиме Училиште Освоени поени Пласман
Димитриј Димитриев ООУ „Гоце Делчев“ – Центар 0

 

Share

KMTP flaer 2022
Почитувани,
Ве известуваме дека Организацијата Народна техника на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и природници на Македонија и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности и оваа година по 62-ри пат ја организираат традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името “Освојуваме нови знаења”.

Манифестацијата 62-ри Натпревар на младите техничари и природници на Скопје ќе се одржи на 17-ти април со почеток во 09:00 часот во домот за техничка култура на град Скопје, Народна техника – Скопје.

За натпреварувачите по дисциплините применета географија, астрономија и метеорологија Манифестацијата ќе се одржи на 16.04.2022 (Сабота) во 12:00 часот.

Ве информираме дека СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје и оваа година организира интензивни курсеви со цел поквалитетни подготовки за престојниот натпревар на Клубовите на Млади Техничари и Природници од техничката група предмети.

Темите и пријавите за натпреварот да се достават најдоцна до 20-ти Март по електронски пат на kontakt@ntsk.org.mk.

ПРИЈАВА за натпревар
ПРАВИЛНИК за натпревар

Share