flaer kmtp 31 2019

Организацијата СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје, Сојузот на клубови на младите техничари и
природници и Здружението на наставници по Техничко образование во рамките на своите активности, и оваа година по 60-ти Јубилеен пат ја организираат традиционалната манифестација – Натпревар на младите техничари и природници, позната под името „Освојуваме нови знаења”.
Во рамките на оваа манифестација, учениците од основните училишта во градот се натпреваруваат во 23 натпреварувачки дисциплини по природната група предмети, застапени низ редовните активности во училиштата и техничките дисциплини што се изведуваат низ наставните содржини на предметот „Техничко образование” и вон училишните активности кои се реализираат во рамките на Клубовите на младите техничари и природници што делуваат во Основните училишта.
Во натпреварувачките области од техничката и природната група предмети, учениците се натпреваруваат во одбрана на домашен труд изработен во училиштето, а претставува макета, модел или натпреварувачки труд, доколку се работи за природната група предмети и задолжителната задача која се реализира на самиот ден на натпреварот и е еднообразна во натпреварувачката област за сите учесници – натпреварувачи.

60-от Натпревар на младите техничари и природници на Скопје, ќе се одржи на 31 Март 2019 година со почеток во 09 часот, во О.О.У. „11 Октомври“ – Центар.

60 јубилеен натпревар кмтп

Ве информираме дека СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ на град Скопје и оваа година организира интензивни курсеви се со цел за поквалитетни подготовки за престојниот натпревар на Клубовите на Млади Техничари и Природници од техничката група предмети.

Пријава за натпреварот

Правилник за натпреварот

Share