Во организација на Сојузот на здруженија за техничка култура „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје, за прв пат се одржа ревијалната изложба на најдобрите трудови од техничките и природните науки кои ги изработиле младите од градот. Изложбата беше завршна активност во рамки на проект поддржан од Град Скопје.
Учесниците на изложбата имаа можност своите трудови да ги презентираат пред претставници на Град Скопје, универзитетски професори, наставници и ученици од повеќе основни и средни училишта. Големиот интерес и успешно завршената активност остава простор оваа изложба да прерасне во традиција.

 

Share

На 05.05.2018 година во 10:00 часот во рамките на 6-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, ќе се одржи предавање на тема: „Примена на дигиталните алатки во процесот на учење на часовите по географија”, од страна на најпопуларниот професор по географија на Балканот, м-р Дејан Немчиќ. СЗТК „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје во рамки на својата програма за соработка со други здруженија, асоцијации и претставници на граѓанскиот сектор, како и врз основа на потпишаниот договор за соработка, со свои претставници ќе присуствува на предавањето со што уште еднаш ја потврдува својата мисија во остварување на поширок општествен интерес и ќе придонесе во процесот на стручно усовршување и професионалниот развој на своите членови.

Prof. m-r Dejan Nemcik Prof. m-r Dejan Nemcik Prof. m-r Dejan Nemcik

Share