Се известуваат натпреварувачите од 54-от државен натпревар на младите техничари и природници кои се од Скопскиот регион дека дипломите може да ги подигнат од просториите на НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје.

diploma-drzaven-kmtp

Share

Здружението за воздухопловно моделарство „РЦСкопје“ и оваа година успешно го организираше интернационалниот собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели – МАЈ ФЛАЈ кој се одржа на спортскиот аеродром Стенковец.
МАЈ ФЛАЈ е настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.
Преку овој собир здружението ја остварува својата мисија, пристапно уникатно искуство на сите обожуватели на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси.
Честитки до организаторот за успешната реализација на настанот.

МАЈ ФЛАЈ РЦСкопје

maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj

Share

На 13 Мај 2017 година, во СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово се одржаа 53-от Државен натпревар на младите истражувачи на Република Македонија „Наука на младите“ во огранизација на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи – Наука на младите, НАРОДНА ТЕХНИКА на Р. Македонија и НАРОДНА ТЕХНИКА – Куманово.
Државниот натпревар, „Наука на младите“, е традиционална манифестација преку која учениците од средното образование во Републиката имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.
Натпреварувачите чии теми беа одобрени од рецензионата комисија имаа можност да ги презентираат и бранат истите пред стручните комисии на денот на натпреварот.
Прво рангираните натпреварувачи, како признание и награда за нивниот успех, ќе заминат на повеќедневна научна посета на Р. Словенија која е поддржана од амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија проф. д-р Милан Јазбец.
Пофалба до сите учесници и честитки за освоените места.
nauka-na-mladinauka-na-mladinauka-na-mladi

 

Share

СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ Ве поканува да го следите 53-от Државен натпревар на младите истражувачи на Македонија.


Воедно се известуваат сите натпреварувачи од Скопје кои што сакаат да одат со оргнизиран превоз, автобусите тргнуваат во 08 часот од пред домот за техничка култура на НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје. Пријавувањето за превозот е задолжително!

istrazuvaci 2017

Share

Претставници на СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје, на 6. 05. 2017 година, присуствуваа на 5-тата Седница на Собраниe на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. Врз основа на договорот за соработка, со своето присуство, СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје, ја потврди својата определба да соработува со здруженија кои имаат заеднички интерес. Преку овој вид на активности, СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје, ги афирмира своите програмски цели, визијата и мисијата, како и на дело покажува дека е сериозен субјект на граѓанско делување во државата. Со овие активности, се покажа дека образованието и граѓанската иницијатива претставуваат носечки столбови на секое демократско општеството и токму затоа ваквиот вид на соработка треба да претставува негова движечка сила.sobranie zpgm
sobranie zpgm

Share