СЗТК НАРОДНА ТЕХНИКА Скопје го честита светскиот ден на науката за мир и развој.

world science day 2017

Share

На 22 Октомври на терените во околината на Катланово – Катлановска бања се одржа 14-от АРДФ маратон во организација на Радио-ориентациониот клуб МЛАДОСТ, НАРОДНА ТЕХНИКА НА Р.М. и НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје.
Во исто време беа одржани и натпреварите на 144MHz /3 и 5 предаватели/+ фар за 144MHz и 3,5MHz /5 предаватели/ + фар за 3,5MHz.

ARDF maraton

ARDF maraton 

Share

НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје и оваа учебна година организира курсеви по електорника и моделарските дисциплини

  • сообраќајно моделарство
  • воздухопловно моделарство
  • ракетно моделарство
  • бродо моделарство
  • градежништво и архитектура
  • конструкторство
  • роботика и автоматика

За подетални информации околу курсевите може да се обратите на телефонските броеви 075 448 401 и 02 306 1234 на фејсбук страната facebook.com/narodnatehnikask или пак на kontakt@ntsk.org.mk

modelarski kursevi

Share

На 16.09.2017 година Црвениот крст на Р. Македонија го организираше 26-от Државен натпревар по прва помош под мотото „Несреќите во домовите“ на кој учествуваа 22 екипи на Црвениот крст од Републиката.
Натпреварот се одржа на повеќе локации на територијата на Општина Гази Баба.
Покрај натпреварувачкиот дел, учесниците на натпреварот можеа да се забавуваат и со изработка на летала – Змеј, стрелаштво а извидниците ги едуцираа како да се снајдат во природата.
Народна Техника на град Скопје им честита за успешната организација на оваа манифестација и им ги честита освоените места на натпреварувачите.

crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar crven krst natprevar

Share

Оваа година, Црвениот крст на Република Македонија го организира 26. Државен натпревар по прва помош. На овогодинешниот натпревар, учество ќе земат повеќе од 200 млади на возраст од 16 до 25 години, односно повеќе од 20 екипи од различни градови од Македонија.

За време на натпреварот, натпреварувачите ќе имаат можност, своето знаење да го покажат практично преку симулација на различни повреди. Отворањето на настанот ќе биде на плоштадот Филип Македонски во нас. Автокоманда. Натпреварувачкиот дел, ќе се одржува на повеќе локации низ населбата Автокоманда.

drzaven natprevar crven krst

Share

srekna ucebna godina

Сојузот на здруженија за техничка култура на град Скопје „НАРОДНА ТЕХНИКА – СКОПЈЕ“ им посакува успешна и среќна учебна година на сите наставници и ученици.

Share

Ве известуваме, и ова лето НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје организира работилници за радио командувани модели.
Работилниците ќе се одржуваат по три часа, двапати неделно во просториите на НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје и започнуваат од 20-ти Јуни 2017 година.

Подетални информации може да добиете на телефонскиот број 075 448 401 или пак на фејсбук страната.
Пријавувањето е во тек!

rc flaer 2017 rc rabotilnica rc rabotilnica rc rabotilnica rc rabotilnica rc rabotilnica rc rabotilnica

Share

Се известуваат натпреварувачите од 54-от државен натпревар на младите техничари и природници кои се од Скопскиот регион дека дипломите може да ги подигнат од просториите на НАРОДНА ТЕХНИКА – Скопје.

diploma-drzaven-kmtp

Share

Здружението за воздухопловно моделарство „РЦСкопје“ и оваа година успешно го организираше интернационалниот собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели – МАЈ ФЛАЈ кој се одржа на спортскиот аеродром Стенковец.
МАЈ ФЛАЈ е настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.
Преку овој собир здружението ја остварува својата мисија, пристапно уникатно искуство на сите обожуватели на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси.
Честитки до организаторот за успешната реализација на настанот.

МАЈ ФЛАЈ РЦСкопје

maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj

Share

На 13 Мај 2017 година, во СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово се одржаа 53-от Државен натпревар на младите истражувачи на Република Македонија „Наука на младите“ во огранизација на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи – Наука на младите, НАРОДНА ТЕХНИКА на Р. Македонија и НАРОДНА ТЕХНИКА – Куманово.
Државниот натпревар, „Наука на младите“, е традиционална манифестација преку која учениците од средното образование во Републиката имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.
Натпреварувачите чии теми беа одобрени од рецензионата комисија имаа можност да ги презентираат и бранат истите пред стручните комисии на денот на натпреварот.
Прво рангираните натпреварувачи, како признание и награда за нивниот успех, ќе заминат на повеќедневна научна посета на Р. Словенија која е поддржана од амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија проф. д-р Милан Јазбец.
Пофалба до сите учесници и честитки за освоените места.
nauka-na-mladinauka-na-mladinauka-na-mladi

 

Share