Izlozba na najdobrite trudovi od Grad Skopje

 

Во организација на Сојузот на здруженија за техничка култура „НАРОДНА ТЕХНИКА“ – Скопје, за прв пат се одржа ревијалната изложба на најдобрите трудови од техничките и природните науки кои ги изработиле младите од градот. Изложбата беше завршна активност во рамки на проект поддржан од Град Скопје.
Учесниците на изложбата имаа можност своите трудови да ги презентираат пред претставници на Град Скопје, универзитетски професори, наставници и ученици од повеќе основни и средни училишта. Големиот интерес и успешно завршената активност остава простор оваа изложба да прерасне во традиција.

 

Share