maj flaj

Здружението за воздухопловно моделарство „РЦСкопје“ и оваа година успешно го организираше интернационалниот собир на моделари и размена на искуства од ревијален вид со презентација на радио контролирани воздухопловни модели – МАЈ ФЛАЈ кој се одржа на спортскиот аеродром Стенковец.
МАЈ ФЛАЈ е настан од отворен карактер на кој ќе се промовираат сите категории на радио контролирани модели, ќе се презентираат достигнувањата на македонските моделари и пилоти, ќе се споделат нивните искуства, но и ќе се разменат со искуствата на интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.
Преку овој собир здружението ја остварува својата мисија, пристапно уникатно искуство на сите обожуватели на овој атрактивен спорт и хоби кој воедно носи и бројни придобивки во креирање на здрави навики и стил на здрав живот преку престој во природно опкружување со што крајно и се стекнуваат врски и вмрежување со луѓе со слични интереси.
Честитки до организаторот за успешната реализација на настанот.

МАЈ ФЛАЈ РЦСкопје

maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj maj flaj

Share