nauka-na-mladi

На 13 Мај 2017 година, во СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово се одржаа 53-от Државен натпревар на младите истражувачи на Република Македонија „Наука на младите“ во огранизација на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи – Наука на младите, НАРОДНА ТЕХНИКА на Р. Македонија и НАРОДНА ТЕХНИКА – Куманово.
Државниот натпревар, „Наука на младите“, е традиционална манифестација преку која учениците од средното образование во Републиката имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од разни области.
Натпреварувачите чии теми беа одобрени од рецензионата комисија имаа можност да ги презентираат и бранат истите пред стручните комисии на денот на натпреварот.
Прво рангираните натпреварувачи, како признание и награда за нивниот успех, ќе заминат на повеќедневна научна посета на Р. Словенија која е поддржана од амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија проф. д-р Милан Јазбец.
Пофалба до сите учесници и честитки за освоените места.
nauka-na-mladinauka-na-mladinauka-na-mladi

 

Share