Оваа година, Црвениот крст на Република Македонија го организира 26. Државен натпревар по прва помош. На овогодинешниот натпревар, учество ќе земат повеќе од 200 млади на возраст од 16 до 25 години, односно повеќе од 20 екипи од различни градови од Македонија.
За време на натпреварот, натпреварувачите ќе имаат можност, своето знаење да го покажат практично преку симулација на различни повреди. Отворањето на настанот ќе биде на плоштадот Филип Македонски во нас. Автокоманда. Натпреварувачкиот дел, ќе се одржува на повеќе локации низ населбата Автокоманда.